Утрински Весник
Македонија

За разрешување на Судски совет преку измена на закони има и од Мицкоски: Го девалвираше судството

Судија од Врховниот суд доби писмена опомена

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да поддржи законски измени за да се разрешат сите членови на Судски совет. Претседателот Христијан Мицкоски порача дека институцијата го девалвирала судството.

dobivaj vesti na viber

„Таа институција не ги оправда очекувањата, таа институција дополнително го девалвираше судството. Тоа е факт, целата јавност тоа го гледаше, како тие кои требаше да се грижат за правдата имаат неправда на самата седница. Јас како човек, настрана од политиката, длабоко сум разочаран од однесувањето на тие луѓе таму. Се што е во рамките на законот, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи“, рече Мицкоски.

Во Судскиот совет имаше низа седници со кавги и препукувања. Двајца членови поднесоа оставки. Минатата недела беше презентирана и анкета според која ниту самите судиите немаат доверба во овој совет кој ги избира.

Можете да прочитате

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат