Утрински Весник
Македонија

За прв пат во историјата Македонец ќе се појави во култната серија „Симпсонови“

Image 227812.jpeg

Во недела, 27 април, во 20 часот по американско локално време на телевизијата „Фокс“ ќе биде објавена 15. епизода од 36. сезона на „Симпсонови“, во која првпат во историјата на оваа мегапопуларна анимирана серија ќе има лик Македонец. Оваа вест ја објави Нев Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина е основач на детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“.

„Заедно со мојот брат Наум, и со сестра ми Калина, со која заедно го водиме детскиот едукативен канал Дарко Биберко, ќе бидеме дел од една од новите епизоди на The Simpsons. Имено, креатороте на The Simpsons одлучиле да внесат лик – спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт…бејзбол.


Што се однесува на тоа како бевме вклучени во епизодата: учевствувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски.

Епизодата премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27ми април, во 20:00 часот EST (2:00 понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија FOX“, напиша Калина во нејзината објава на Фејсбук.

Можете да прочитате

Испитувањето на повредените од пожарот во „Пулс“ веројатно ќе почне на почетокот на мај

Голем одрон кај Катланово: Сообраќајот на автопатот Скопје-Велес отежнат, се одвива по една лента

Филипче за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони