Утрински Весник
Македонија

Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти

Bolnica.webp.webp

Министерството за здравство информира дека денеска уште пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување од Србија. Согласно протоколот, потоа тројца пациенти ќе бидат под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, еден пациент во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, а еден пациент на сопствено барање лекувањето ќе го продолжи во приватната клиника „Жан Митрев“.

Во земјава во моментот се лекуваат вкупно тројца пациенти, од кои во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“ еден пациент, а во приватната болница Систина двајца пациенти.


Во текот на утрешниот ден е најавено враќање на еден пациент од Белгија, кој ќе биде под опсервација на Клиниката за пластична хирургија.

– Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, се вели во соопштението.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени

Можете да прочитате

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон