Утрински Весник
Македонија

За пет години Македонци вложиле над 50 милиони евра во недвижности во Грција

Grcija 1.jpg

Македонските граѓани и компании за пет години инвестирале над 50 милиони евра во станови во Грција, покажува статистиката на Банката на Грција. Најголемиот инвестициски бум се случил лани – македонските граѓани вложиле 19 милиони евра за стан покрај море. Но интересот е голем, а и бројките не се дефинитивни – ако се земе предвид фактот дека голем број Македонци имаат ЕУ пасоши.

Најмногу се купувале апартмани до 50 квадрати околу Солун и Халкидики. Податоците покажуваат дека ако во 2019 и 2020 година се вложувале по 2 милиони евра во недвижности во Грција, во 2021-та 7 милиони евра – од наредните години износот станал двоцифрен, се искачил на 10 и 11 милиони евра во 2022 и 2023 година.


Бројките пак се поклопуваат со енормниот раст на цените на становите кај нас. Последниот податок од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности е за третиот квартал од 2020 година. Метар квадратен во Центарот на Скопје тогаш се продавал во просек за околу 950 евра или 58.500 денари.

Сепак во Македонија и покрај илјадниците празни станови цената на квдратот особено во Скопје вртоглаво расте.

Дел од причините за тоа е што станови можат да се купат и во кеш, без притоа да се докаже потеклото на парите, а тоа то потврди и гувернерот на Народна Банка Трајко Славески.

-Пред пандемијата 2019 година соодносот на купување на станови и објекти за живеење бил поповолен во однос на кредитирањето. 65% се купувале на кредит, а остатокот од 35% во готово. Сега, по моите информации од колегите во Народна банка, односот е 50-50. Се разбира дека е вредно да се погледне од каде е изворот на тие средства. Ние не можеме да шпекулираме, најверојатно има и од заштеди. Понатаму, општо е познато дека еден добар дел од млада популација, особено оние во лукративни дејности од ИТ технологиите кои работат за странски нарачатели ги добиваат приливите на сметки кои се во странство па од таму подигаат готовина која ја внесуваат во Македонија. За други извори на средства останува други надлежни органи тоа да го утврдат – вели Славески.

Можете да прочитате

„Ние на гробовите фрламе вода, тие со децата на одмор“ – гнев и тага на родителите од Кочани

Свечено затворен ЕМОФ 2025 – 24info.mk

Тошковски од Охрид: Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба