Утрински Весник
Македонија

За несреќата Скопје-Блаце: Уапсен скопјанец, се трага по три лица меѓу кои малолетник кои биле во возилото што падна во Лепенец

За несреќата Скопје-Блаце: Уапсен скопјанец, се трага по три лица меѓу кои малолетник кои биле во возилото што падна во Лепенец

Се уште не се најдени возачот и двајцата сопатници од возилото „БМВ“ со косовски регистрации. Полицијата со повеќе екипи трага по нив, а откако автомобилот удрил во друго возило и паднал во водите на Лепенец. Од МВР излегоа со детали, го нашле и возачот на вториот автомобил кој според првичните информации учествувал во претекнувањето на патот Скопје-Блаце.

dobivaj vesti na viber

„Вчера околу 15.20 часот е пријавено дека на патот Скопје- ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б.(64) од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник“, велат од МВР.

По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции.

„Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување“, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

„Оне Македонија телекомуникации“ избрана за трет мобилен оператор во земјава

Муцунски се сретна со претставници на „Македонија 2025“

Уапсено лицето кое ја нападна бугарската амбасада во Скопје