Утрински Весник
Магазин

За мрзеливи луѓе: Самоуправувачка машина за капење

20251027131219 big 730x400 39.webp.webp
Dik 300x250 mk

Јапонската компанија „Сајенс корпорејшн“ (Science Corporation) ја претстави „футуристичка машина за миење луѓе“, под називот „Мирај нинген сентакуки“ (Mirai Ningen Sentakuki). Новитетот е изложен на Саемот „Осака-Кансај Експо 2025“, во градот Осака, објави „Пункуфер“ (Punkufer).

Самоуправувачката машина за капење е, всушност, уред-капсула со ниско седиште. Откако човекот ќе седне во неа, капакот се спушта, капсулата целосно се затвора и капењето почнува. Концептот е следен: Капсулата постепено се полни со топла вода и посебен сапун, до нивото на градите, миејќи го корисникот. Потоа оваа вода се исцедува, а млазниците прскаат чиста вода за да ја измијат пената и нечистотијата од човековото тело. На екранот внатре се појавуваат опуштачки слики, на пр. од подводниот свет или зајдисонца – придружени со мирна опуштачка музика. Овој необичен концепт има за цел да го промени вообичаениот начин на одржување хигиена и да ги воведе луѓето во нова ера, каде што, истовремено, се чистат и телото и умот. Целиот процес на чистење на телото трае неколку минути и не бара никаков труд или напор од човекот внатре. (Погледнете го видеото.)


Производителите нагласуваат и дека машината за капење луѓе ја минимизира потрошувачката на вода, а и содржи паметни решенија за филтрирање и повторна употреба на водата.

Делувањето е самоуправувачко, со помош на вештачка интелигенција. Притоа, прецизни сензори во капсулата постојано го мерат нивото на водата, топлината и протокот за да обезбедат максимална безбедност и удобност за човекот. Оние кои досега го пробале, се воодушевени од новиот начин на капење.

Можете да прочитате

Совети за непотребно претераната грижа за децата наесен

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија

Италија може да загуби 40 отсто од плажите до крајот на векот поради порастот на морското ниво