Утрински Весник
Спорт

За Македонија заврши ЕП, Романките, едноставно, пресилни

За Македонија заврши ЕП, Романките, едноставно, пресилни

Македонската женска ракометна репрезентација го одигра своето најдобро полувреме на Европското првенство, но тоа не беше доволно за пласман во втората рунда откако Романките, предводени од моќната Кристина Неагу, стигнаа до 31:23 победа во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во солидното прво полувреме тимот на Љубомир Савевски постојано беше во негатива, но не дозволивме Романија да се одвои пред во второто полувреме тие да направат предност, која потоа не беше достижна за македонската репрезентација.

Сања Дабевска беше најефикасна со 7 постигнати гола, пет додаде Симона Маџовска, а кај Романија, Неагу беше убедлива со 10 гола и со фантатична прецизност од над 70 отсто.

ЕП РАКОМЕТ 2022
ГРУПА Ц
Македонија – Романија 23:31 (12:13)
Германија – Шпанија 20.30 ч
ГРУПА Д
Полска – Црна Гора 23:26 (12:12)
Франција – Холандија 20.30 ч

Фото: ЕХФ

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027