Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Во новата година посакувам храброст, достоинство и правда за држава со вредности, а не само со процедури

Zajkova 681x464 1.jpg

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи на македонските граѓани во новата година им посака храброст, достоинство и правда, за да имаме држава со вредности, а не само со процедури.

„Драги пријатели, сограѓани, зад нас оставаме година во која корупцијата не беше само вест, туку сурова реалност која во Кочани чинеше животи. Гледавме како реформите стануваат козметика, а законите се менуваат побрзо од календарот. Додека институциите брзаа со ‘итни’ и ‘скратени’ постапки, вистинското подобрување на животот на граѓаните остана во чекалната.  Администрацијата е изгубена во хаос поради брзи неусогласени закони, судството во лажни ветувања, а довербата – е во колективна амнезија”, пишува Зајкова во својата објава.

„Во 2026 година, посакувам: храброст – да не се навикнуваме на ненормалното; достоинство – да не бидеме само бројка во нечиј експеримент и правда – која не се купува и не се договара во 5 до 12. Нека новата година не биде уште една ‘скратена постапка’. Заслужуваме држава со вредности, а не само со процедури”, додава Зајкова.

„Среќна и борбена Нова 2026 година! Да ве служи сите добро здравје, среќа и да… со Македонија да се гордееме на Светското првенство во фудбал”, завршува Зајкова во својата честитка до граѓаните.

Можете да прочитате

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

МНР: 632 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот Исток

СДСМ: Оставка од Тошковски за трагедијата во Карпош