Утрински Весник
Македонија

Зајкова од Копенхаген: Автократските владите може да бидат закана за слободата и демократијата

Зајкова од Копенхаген: Автократските владите може да бидат закана за слободата и демократијата

Во 21 век постојат пратеници во европскиот парламент кои доаѓаат од редот на земји членки на унијата што негираат право на самоопределување и постоење, користејќи го правото на посилниот и тоа го доведува во прашање принципот на демократијата и европските вредности. Демократските структури постојано се ослабуваат, а демократските процеси се сведуваат на владини процедури, плебисцити и работа за односи со јавноста. Способноста на демократската политика да се наметне против економската моќ е намалена, истакна претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова на панелот „Потенцијалот на трансформативните движења, граѓанското општество и прогресивните партии” во Копенхаген, како дел од конференцијата „Западен Балкан и ЕУ предизвици и можности“ организирана во соработка со Советодавната група за политика на Балканот во Европа (BiEPAG), Европскиот фонд за Балканот (EFB) и трите клучни дански политички партии, Социјалдемократите, Либералната партија и Зелената левица.

dobivaj vesti na viber

Според Зајкова мораме многу да бидеме претпазливи какви Влади бираме, бидејќи сведочиме како автократското владеење може да ги задуши слободите и правата и да не однесе во изолација. Владите може да бидат закана за слободата.

„ Затоа кога зборуваме за улогата на Владата, не смееме да заборавиме дека Владата секогаш и суштински мора да биде во служба на поединецот, а не обратно. Целта на владата е да го спроведе законот за граѓаните преку обезбедување и заштита на правата на луѓето. Тоа го прави со зачувување на нивните животи и слободи од насилството на другите. Тоа е слобода од деспотската и предаторската доминација на некои поединци над другите, вели таа.

Зајкова истакна дека голите популисти промовираат култура на зависност и играат со емоциите на луѓето, нашата прогресивна политика мора да се фокусира на помагање на луѓето да го креираат својот свет со свои напори – во соработка со другите, да му дадат ново значење и да го вратат духот на заедницата. Игнорирањето на разликите не е решение, никогаш не било, но соочувањето со нив и обидот за нивно решавање заедно со другите играчи во општеството е.

„ Способноста за соработка сè уште е главниот ресурс на модерната моќ и капацитетот за обликување на светот во кој живееме. Мора да се концентрираме на создавање и зајакнување на кооперативни и инклузивни институции, искрени добрососедски односи и регионална и меѓународна соработка. Прогресивните движења, либералните и левите партии мора да се стремат кон обликување и користење на државните институции за развој на општествата и демократијата. Она што можеме да видиме е дека земјите од Западен Балкан покажуваат волја и спремност за прогрес и интеграција, но не често ЕУ јасно покажува отвореност за нивно целосно вклучување во соработката и системот на одлучување, заклучува Зајкова.

Можете да прочитате

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври”

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви