Утрински Весник
Македонија

За каков криминал биле истрагите на новата министерка за енергетика Сања Божиновска?

Sanja Bozhinovska.jpg

Македонските институции – Комисијата за заштита на конкуренцијата, Царинската управа и МЕПСО покренале три различни постапки за прекршување на законите и тоа за „Руднап ДООЕЛ Скопје“, фирма ќерка на српската „Руднап Груп“, каде министерката за енергетика, рударство и минитални суровини Сања Божиновска била нејзин извршен директор како и за „ЕНГ Сервис Траде“, македонска фирма во која Божиновска била една од двајцата сопственици, објави Рацин.мк.

Јавноста пред неполн месец дозна за скандалот поврзан со фирмата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје “ која во период од 2016 до 2017 направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната компанија МЕПСО. Во меѓувреме бугарските медиуми објавија и за дел од финансиските активности на Божиновска, која пак се појавува и како извршен директор на компанијата „Руднап груп“ компанија мајка на „Руднап ДООЕЛ Скопје“ која во 2014 година заедно со уште пет компании е казнета здружување како „картел при јавни набавки“.

Таа за ова негираше вмешаност во криминал, но негираше и дека има бугарско државјанство, а потоа самата себе се демантираше па изјави дека некогаш била државјанка на Бугарија, но потоа побарала отпуст. Во нејзината биографија сокри дека има и чешко државјанство.

Премиерот Христијан Мицкоски тогаш рече дека има разбирање зошто Божиновска заборавила да наведе дека не поседува само македонско државјанство.

Што се случувало со „ЕНГ СервисТрејд“

По одредено време откако МЕПСО го утврдиле долгот на фирмата на Божиновска, од компанијата покренале постапка за наплата на долгот и иницирале тужба против фирмата на Божиновска. Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должела на МЕПСО.

Божиновска го менува името на фирмата и прераснува во друг субјект, а Одлуката за изменување на лиценцата за вршење дејност издава и Регулаторната комисија на ден 5 ноември 2020 година.

Наместо „ЕНГ Сервис Трејд“ сега се вика „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“. Тоа што е сомнително е што веќе во 2022 година, фирмата „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“ работи со загуби и станува деловно неактивна, а фирмата е избришана од Централниот регистар бидејќи не поднела годишна даночна пријава за 2019 година.

Божиновска по ова прашање кратко изјави дека нема долгови, а Мицкоски пак се уште молчи и не одговара пред медиумите околу овој скандал.

Истрагата за „Руднап ДООЕЛ Скопје“ почнува во 2012

Во 2012 кога Божиновска била извршен директор на сите компании на „Рудинап груп “ во Централна и Источна Европа за трговија со електрична енергија и била одговорна за активности во С. Македонија, Србија, Бугарија и други земји од регионот имало пријави за картелско тргување со електрична енергија, даночно затајување, а државна институција и барала на нејзината компанија да врати долг од 700.000 евра.

Сомнежите на Комисијата биле дека компаниите, „Езпада ДООЕЛ Скопје“, „Руднап ДООЕЛ Скопје“ потоа „ЕФТ Македонија“ – компанија основана од Кочо Анѓушев, која подоцна ја напушти како и „Ген-и Македонија“ и „Ген-и трговање ин продаја електричне енергије до.о.о Кршко“, формирале „картел со цел да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во јануари истата 2012 година“.

Речиси две години од отворањето на предмет за случајот, односно во 2014 година, Комисијата за заштита на конкуренцијата утврдила дека овие компании се здружиле како „картел при јавни набавки“.

Но, плаќање на казната во милионски износ на сметка на фирмите, меѓу кои и „Руднап ДООЕЛ Скопје“ сепак немало. Причина за тоа е што Управниот суд го потврдил решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата, но, во повисока инстанца, Вишиот управен суд го поништил решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Во неа, се ослободуваат од вина за царинска измама управителот Горан Чогеља и фирмата „Руднап ДООЕЛ Скопје“. Чогеља во 2018 година бил именуван како претседател на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Компании за кои работела Сања Божиновска

Во 2006-2011 година – „Езпада“ – Одговорна за стратегиски анализи, тргување и прекугранични активности во Северна Македонија, Србија, Косово, Бих, Албанија и др. „Езпада“ е со седиште во Швајцарија, а оперира и во Прага и Лондон.

Отворила и фирма во Северна Македонија. Во јануари 2008 година, РКЕ и издава на компанијата-ќерка „Езпада ДООЕЛ Скопје“ лиценца за вршење трговија со струја. На 29 декември 2022 година, македонската „Езпада“ побарала престанок на лиценцата за енергетска дејност, бидејќи донела одлука за ликвидација на фирмата.

Во 2011 – 2014 година – „Руднап Груп“ – Извршен директор на сите компании во Централна и Источна Европа за трговија со електрична енергија и била одговорна за активности во С. Македонија, Србија, Бугарија и други земји од регионот.

Формирана е и компанија во земјава – „РУДНАП ДООЕЛ Скопје“ во мај 2008 година, а истата е избришана од Централниот регистар во февруари 2022 година.

Во јули 2014 – мај 2018 година
„ЕНГ Сервице Траде“ – Коосновач и управител заедно со Оливер Несторовски. Дејност – трговија со електрична енергија.

Извор: Рацин.мк

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара