Утрински Весник
Македонија

За едно деноноќие – пет пријавени случаи на семејно насилство

Semejno Nasilstvo.jpg

Во текот на последниве 24 часа полицијата регистрирала дури пет случаи на семејно насилство, покажуваат податоците од полицискиот билтен.

Вчера во 12.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода С.С.(61) од пробиштипско, постапувајќи по пријава од неговата 34 – годишна ќерка, која изјавила дека тој физички ја нападнал во семејниот дом.

Денеска во 03.40 часот во СВР Скопје, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(37). Вчера во 20.40 часот, пак, во СВР Скопје, 19 – годишна жена пријавила дека во дворот на семејната куќа на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот свршеник Л.Џ.(20).

Денеска во 02.30 часот во СВР Штип, 29 – годишна жена пријавила дека на 11.08.2024 околу 02.00 часот во штипско била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К.(36).

Четириесет и четири годишен маж од Скопје пријавил дека на 14.08.2024 во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата мајка И.Е.

По целосно документирање на случаите, полицијата најавува дека ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!