Утрински Весник
Македонија

За една недела санкционирани 235 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопјанец бил агресивен кон полицајци, ќе добие соодветна пријава

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 235 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Во периодот од 13.03. до 19.03.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 114 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Можете да прочитате

Приведен крадец во Кавадарци

34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

173 санкции за брзо возење