Утрински Весник
Свет

За Блинкен постигнувањето на договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас е можен

1707346853 1.jpg

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по разговорите со израелските лидери изјави дека сè уште е можен договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Дискусиите се фокусираа на одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот поднесен од САД, Египет и Катар. -Иако има некои непрецизирани работи во одговорот на Хамас, ние мислиме дека тоа создава простор за постигнување договор, рече Блинкен.

Можете да прочитате

САД потрошиле над 11 милијарди долари за првите шест дена од војната

Орбан: Украинците ми се закануваат мене, на моите деца и внуци

Со ракета погодена италијанска база во Ирак