Утрински Весник
Економија

За 20 отсто намалени производството и уловот на риба

Ribolov.webp.webp

Вкупното производство и уловот на риба во 2025 година изнесувале 1 992 тона што во однос на 2024 година претставува намалување за 19,5 отсто. Како што информира Државниот завод за статистика, намалување бележи и производството од аквакултура кое во 2025 година изнесувало 1 847 тони што е пад за 21 процент во споредба со 2024 година.

Во 2025 година уловот од внатрешни води изнесува 145 тони и бележи зголемување од 5,1 отсто, а во рамки на аквакултурата се произведени 126.781 килограм подмладок и 15,1 милион парчиња икра. Од видовите риба, како подмладок најмногу се одгледува виножитната пастрмка.


За одгледување риба најмногу се користат рибници, базени и канали и кафези. Од производството во 2025 година, 1.175 тони биле пастрмка, 546 тони крап и 126 тони други видови риби. 

Во секторот Рибарство и аквакултура се вработени 278 лица од кои 129 во аквакултурата и 149 лица во рибарството, а со рекреативен риболов се занимавале 8.503 лица, од кои само 70 биле жени. 

Можете да прочитате

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Мицкоски: Започна со работа првиот модерен трговски центар „Mega Shopping Park” во Гевгелија