Утрински Весник
Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4% од населението, тврди Евростат

Makedonsko Zname.jpg

Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето население во текот на изминатата деценија, па Македонија со 11,4 проценти.

Во регионот, речиси сите земји се зафатени со бран на емиграција, а земја што успеала да го задржи своето население речиси непроменето е Црна Гора, која бележи зголемување од 0,6 отсто.Македонија изгубила 11,4 отсто од населението во споредба со 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија, покажуваат податоците на Евростат. Зад Македонија се Босна и Херцеговина и Хрватска.


Населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот на 2024 година, споредено со бројот во 2011 година. Во предметните периоди, кога се спроведени пописите на населението, во земјата бројот на населението се намалил за над 500 илјади жители, објави еуроњуз.

Можете да прочитате

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство