Утрински Весник
Економија

За 13 дена, Пазарна изрече 230 казни – директорот најавува дека вака и ќе продолжат

Додека јас сум директор на Пазарен инспекторат, никој нема да биде над законот, тврди Трајковски

За 13 дена, државен пазарен инспекотрат изрече 230 казни. Ова го посочи директорот Горан Трајковски кој вели дека во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување.

dobivaj vesti na viber

„Од 27.03 до 09.04.2023 година извршени се над 1100 инспекциски надзори и издадени се над 230 прекршочни платни налози во вредност од над 7.727.000 денари.Инспекторите и понатаму се на терен! Постапуваме во согласност со законите, а се казнува секој што згрешил, без селективност“, пишува Трајковски во својата објава.

ДПИ најавува дека и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој што се обидел на каков било начин да изврши прекршување на овие одлуки се со цел да се заштитат потрошувачите.

Според последната владина Одлука цените се до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

Можете да прочитате

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“