Утрински Весник
Спорт

Вулвс се разделија со Лопетеги па експресно најдоа нов тренер

Вулвс се разделија со Лопетеги па експресно најдоа нов тренер

Три дена до официјалниот почеток на сезоната во Премиер лигата, фудбалскиот клуб Вулверхмптон се раздели со тренерот Хулен Лопетеги.

dobivaj vesti na viber

Вулверхемптон во овој преоден рок остана без напаѓачот Раул Хименез и најдобриот играч Рубен Невеш. Општ впечаток е дека тимот е далеку послаб од минатата сезона и според сите прогнози ќе се бори за опстанок во лигата.

Клубот не реагираше на трансфер пазарот за да најде замени за овие двајца фудбалери, што ја зголеми нервозата и незадоволството кај менаџерот Лопетеги. Откако му стана јасно дека нема да добие нови играчи, тој побара и потоа доби дозвола да го напушти клубот.

Челниците на Вулверхемптон експресно најдоа нов тренер. Поранешниот тренер на Порто, Реал, Севилја ќе го замени Гери О’Нил.

О’Нил минатата сезона избори опстанок со Борнмут, па доби отказ што ги шокираше познавачите на приликите во Премиер лигата.

Вулверхемптон, новата сезона ќе ја отвори на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина