Утрински Весник
Свет

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико

Picture 1584.webp.webp
Dik 300x250 mk

Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи вчера соопшти дека вулканот Попокатепетл, што се наоѓа на само 80 километри од главниот град, еруптирал дури 13 пати во претходните 24 часа и го повика населението на внимателност од лавата и пепелта што ги исфрла. Вулканската пепел уште во вторникот ги прекина летовите од најголемиот аеродром во Мексико Сити и доведе до затворање на аеродромот во градот Пуебла, што е уште поблиску до вулканот. Аеродромот во Мексико Сити во денешното соопштение предупреди дека „сите летови може да бидат откажани“ затоа што голем број летови доцнат или се одложени. Вулканската пепел е особено опасна за воздухопловството, не само затоа што ја намалува видливоста, туку и затоа што ги оштетува моторите и трупот на авионите. Пепелта може да ги покрие пистите, да му наштети на здравјето на персоналот на аеродромот и да предизвика низа други проблеми. Вулканот Попокатепетл е активен половина милион години и редовно еруптира. Неговата последна голема ерупција се случи пред повеќе од илјада години.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно