Утрински Весник
Свет

Вулкан еруптираше во источна Индонезија

325442.jpg
Dik 300x250 mk

Вулканот Ибу во источна Индонезија еруптираше денеска, исфрлајќи облак од пепел до 3,5 километри над кратерот, соопштија властите.

Ерупцијата, која започна во 12:37 часот по локално време, траеше повеќе од три минути, се вели во денешното соопштение на службеник на контролен пункт во близина на вулканот во северниот дел на Молука.

„Ги замолуваме жителите и туристите во близина на вулканот Ибу да не вршат никакви активности во радиус од два километри (околу кратерот)“, додаде службеникот.

Нивото на тревога прогласено по ерупцијата на вулканот на надморска височина од 1.325 метри останува второ на скала на четири нивоа. По ерупцијата не беше наредена евакуација.

Сепак, властите го повикаа населението да носи маски и очила кога излегуваат надвор за да се заштитат од паѓање на вулканска пепел.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник