Утрински Весник
Свет

Вучиќ за „Њузмакс“: Не верувам дека Путин блефира

Вучиќ за „Њузмакс“: Не верувам дека Путин блефира

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ имаше интервју во програмата „Разбуди се Америка“ на американската телевизија „Њузмакс“.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ моментално е во Њујорк за да учествува на 77. Генерално собрание на Обединетите нации.

Меѓудругото, Вучиќ рече дека Србите имаат традиционално добри односи со Русија и Украина и дека Србија не е на ничија страна и дека секогаш ќе ја осудува војната.

„ Се надеваме дека мирот ќе завладее, и дека сите ќе направат се за да се постигне компромис. Тоа е подобро отколку да чекате туѓ пораз. Се сретнав со Путин неколку пати и не верувам дека блефира. Тоа е се што можам да кажам“, додаде Вучиќ на прашањето за најавата на рускиот претседател.

Водителот побара од Вучиќ да го спореди односот со претседателот Бајден со односот со Доналд Трамп.

„ Со Бајден се сретнав четири пати, а со Трамп два пати. Бајден беше еден од најподготвените претседатели за политичка дискусија досега. Трамп сфати дека економијата може да не поврзе“, објасни Вучиќ.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“