Утрински Весник
Свет

Вучиќ за ситуацијата во Косово: Децата од 12 години се подготвени да умрат поради Курти, сити се од него

Вучиќ за ситуацијата во Косово: Децата од 12 години се подготвени да умрат поради Курти, сити се од него
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ситуацијата во Косово е „ужасно тешка“ и дека децата на возраст од 12 и 13 години се подготвени да умрат бидејќи на сите им е преку глава од косовскиот премиер Албин Курти.

dobivaj vesti na viber

„ Децата од 12, 13 години се подготвени да умрат, што мораме да го спречиме тоа. Доста им е од Курти“, рече Вучиќ на прес-конференција по средбата со претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар.

Кога станува збор за апсењето на тројца припадници на косовската полиција, за кои Србија тврди дека се специјалци уапсени на територијата на централна Србија, а Косово тврди дека се граничари кои биле зад административната линија, Вучиќ вели дека Курти со својата изјава признал дека биле таму каде што не смеело.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп