Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: За Северина мислам се најлошо

Img 3170.webp.webp

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во гостување на ТВ Пинк проговори и за приведувањето на Северина на српската граница, откако таа на настап во Црна Гора изјавила дека нема да настапува во Србија додека „на власт е диктаторот“.

„Сега ќе ве изненадам со тоа што ќе ви го кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Ми рече дека е така и така и ми кажа дека не е приведена, ја задржале на граница два часа. Мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам сѐ најлошо. Ние мора да се разликуваме од нив во сѐ. Боже сачувај да водам држава во која ќе се апси секој што ги слуша песните на Томпсон. Пуштете ги сите, и Селма Бајрами. Тоа што тие ја мразат Србија, зборува за нив, рече Вучиќ.

Посочува дека списоците ќе бидат укинати во следните два-три дена.

– Во Србија денеска нема кој не реагирал од политичките партии и од таканаречената демократска јавност. Затоа што има некоја пејачка, кој вели дека Србија е геноцидна земја, а јас сум диктатор и која знае дека Србите се злосторници, но сака да зема пари овде. Молчеа, ниту една објава не стигна до Немања Бериќ. Беше 15 дена во затвор, тепан и малтретиран!, пренесе Телеграф.

Можете да прочитате

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари