Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Вучевиќ не е виновен за одлуката на фон дер Лајен

20241026124839 Big 730x400 26.webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, не направил ништо лошо, што би предизвикало претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја откаже вчера средбата со него, но во крајна линија е дека луѓето во Брисел не можат да поднесат тој да се сретне со руски министер, а потоа и со претседателката на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ за ТВ Прва изјави дека Србија преку независна надворешна политика успеала да го зачува почитувањето на рускиот претседател Владимир Путин, иако тој не отишол на самитот на БРИКС во Казан, како и почитта на Урсула фон дер Лајен.

– Србија е на европскиот пат, бидејќи нејзината политика не се менува преку ноќ во кафеана, рече Вучиќ и повтори дека Србија го одржува пријателството со Руската Федерација и дека има одлични односи со Кина.

Тој денеска изјави дека е против каква било поделба во Србија кога станува збор за Европската Унија или БРИКС и оцени дека имало „морничава“ кампања против Германија, што не треба да се прави, потсетувајќи дека тие вработуваат 83.000 луѓе, односно дека од неа живеат 300.000 луѓе.

– Она што е сега важно, она што јас само сакам да го знаат луѓето, е дека имате остра поделба во Србија, на која сум ужасно против, и јас изричито ќе се спротивставам на таквата поделба. Таа поделба е Европската Унија или БРИКС. Морничава беше кампањата против Германија, против Урсула фон дер Лајен, против Анелена Бербок, што и да мислам за Урсула фон дер Лајен, а мислам се најдоброто, а со Аналена Бербок едвај не се согласувам во ништо, но тоа не смеете да го правите. Вработуваат 83.000 луѓе, потсети Вучиќ.

На прашањето дали ова е дел од одговорот на прашањето на ЕУ или БРИКС, тој рече дека не е и дека неговиот одговор е многу покомплексен од тоа. Тој рече дека имало лажни истражувања на јавното мислење поврзани со ЕУ и БРИКС и наведе дека од 43 отсто кои се за членство на Србија во ЕУ, 50 отсто се од партијата чиј член е тој, а од 42 отсто кои се за БРИКС, 54 или 55 отсто се од СНС.

Вучиќ изјави дека во на Србија е сцена на хибридна војна на „странски служби кои учествуваат во конфликтите во Украина, а некои на Блискиот Исток и Пацификот“.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени