Српскиот претседател Александар Вучиќ во Тирана изјави дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет. -Денеска не и е лесно на Украина, а ние немаме ништо против Украина, тие не го признаа Косово. Реков дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет. За нас е важно да имаме добри односи со Украина, – рече претседателот. Тој потсети дека евентуалната поинаква одлука на Украина во однос на Косово ќе има многу сериозно влијание врз најмалку две европски земји. – Верувам дека ќе продолжиме да градиме пријателски односи со Украина и почитувајќи ја одлуката на Советот за национална безбедност од пред две години, ќе опстоиме на политиката на пријателство кон другите актери од истокот на Европа, вклучително и Руската Федерација, изјави Вучиќ. Претседателот на Србија, Вучиќ, во Тирана учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа со претседателот на Украина Володимир Зеленски и лидерите на 13 европски земји и претставници на ЕУ.