Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Светот ќе биде сведок на голем конфликт

Вучиќ: Светот ќе биде сведок на голем конфликт

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање од Њујорк предупреди дека светот ќе биде сведок на голем конфликт и како што вели „ќе се погрижиме Србија да преживее“.

dobivaj vesti na viber

Претседателот истакна дека нема да се врати во Србија со охрабрување, туку со дух на човек кој е подготвен да се бори за својата земја.

„Сакаме да ги заштитиме нашите интереси, да донесеме нови инвеститори. Ја завршивме нашата работа чесно и одговорно. Мислам дека никој овде немал толку долг состанок со г-дин Саливан. Дали е лесно или едноставно? Па, не е, ама нема лелекање. А да дали сум среќна и гледам нешто убаво на повидок? Не. И постојано ме прашуваат дали има нешто убаво. Па не, ништо убаво не се случува во светот. Во Србија има добри вести, минималната плата расте, платите и пензиите се зголемуваат. Ама во светот да биде само се потешко. И рекоа дека сум луд, дека драматизирам и на крајот се испадна вистина“, додава тој.

„Ако им кажам на луѓето дека ќе тече мед и млеко и дека сè ќе биде одлично. Тоа нема врска со ситуацијата во светот. Геополитичката ситуација оди во вода и ќе бидеме сведоци на голем светски конфликт. И ние ќе види дека Србија преживува. Да живее Србија“ – рече Вучиќ, пренесе српски „Курир“.

Можете да прочитате

Голем пад на цените на нафтата по одлуката за примрје со Иран

Трамп стопира напади врз Иран две недели

Италијанскиот министер за одбрана: Светот полуде