Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Србија очекува избори кон крајот на идната година

Vucik.webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека изборите најверојатно ќе се одржат кон крајот на ноември или во декември следната година. На ТВ Пинк тој рече дека надлежните институции навреме ќе одлучат дали ќе има претседателски и парламентарни избори.

Вучиќ истакна дека Србија нема да има проблем со снабдувањето со гас, бидејќи се очекува склучување краткорочен договор со Русија. Тој ја оцени како добра вест и одлуката на САД да ја продолжат лиценцата на Лукоил до 26 април следната година, нагласувајќи дека компанијата во Србија управува со 112 пумпи и ќе продолжи да работи нормално.

За НИС, Вучиќ изјави дека очекува Русија и партнерите да постигнат договор за пренос на сопственост во согласност со американските санкции. На прашањето за можната национализација, додаде дека правно не може да каже како би изгледал таквиот процес. Тој верува дека следната година ќе биде најуспешна во поглед на животниот стандард, инфраструктурните проекти и промените во изгледот на Србија.

Можете да прочитате

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русија, Белорусија и Турција

Вучиќ ќе поднесе оставка в недела

Јанша: ОН треба да развијат нов пристап за спречување масовни злосторства