Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Србија нема да дозволи прогон на својот народ, нема предавање

Вучиќ: Србија нема да дозволи прогон на својот народ, нема предавање

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, по седницата на Советот за национална безбедност изјави дека Квинта се согласил со ставот дека акцијата на Косово за пререгистрација на регистарските таблички е легитимна, но дека проблемот е во времето и методите.

dobivaj vesti na viber

Тој исто така рече дека Србија нема да дозволи прогон или убивање на нејзиниот народ, алудирајќи на Србите во Косово, притоа ветувајќи дека нема да има предавање.

Вучиќ на почетокот рече дека слушал се што му кажале претставниците на Србите од Косово на средбата утринава. Досега 17 лица ги пререгистрирале возилата.

„Ваков меѓународен акт не постои, но кому му е гајле. Пред неколку дена го добивме демаршот, договорените позиции на земјите од Квинте и земјите од Европската Унија. Втората точка вели дека треба да разбереме дека постапката на Косово во однос на табличките е легитимна и дека проблемот е во времето и методите. Го известив и амбасадорот Квинте и им кажав дека тоа се ноторни лаги и дека никаде не пишува затоа што го прочитав секој труд и го знам секој параграф“ – рече Вучиќ.

Тој објасни дека суштината е што во договорот од 2011 секаде стои дека се работи за таблички КС, кои според него се статусно неутрални, но дека Приштина тоа го негира.

„Ние постојано инсистираме на тоа, затоа бараме таблички КС, а тие тврдат дека ги нема и дека се откажани. Приштина бара таблички РКС, а тоа е недозволиво бидејќи не е статусно неутрално затоа што значи Република Косово. Нивниот план е да ги остават Србите да го напуштат Косово со нивните регистарски таблички, но потоа да не дозволат да се вратат со истите тие таблички“ – додаде тој.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа