Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Србија цврсто е посветена на членството во ЕУ 

Vucik.jpg

Енергетскиот сектор, енергетската безбедност и стабилност на Србија беше главната тема на работната вечера во Брисел на која присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ,претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

„Србија е цврсто посветена на својата стратешка цел, членство во ЕУ, и останува сигурен и одговорен партнер на ЕУ во сите процеси што придонесуваат за мирот, стабилноста и просперитетот на нашите граѓани“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

На својот Инстаграм профил Вучиќ објави дека со претставниците на ЕУ разговарал за европскиот пат на Србија, енергетската безбедност и стабилност на државата, како и за ситуацијата во регионот.

„Голема чест за Србија е што имав можност вечерва во Брисел да разговарам со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта за клучните прашања од билатералните односи меѓу Србија и ЕУ и нашиот европски пат. Благодарен сум за нивното гостопримство и искрената поддршка за нашата земја, нашиот европски пат, како и за нашата агенда за реформи и развој“, напиша Вучиќ.

Тој додаде дека разменил мислења со своите домаќини за сите чекори што ги презела Србија за спроведување на реформите и исполнување на своите обврски.

Можете да прочитате

Извлечени се рударите кои беа заглавени во рудникот Трепча

Околу 18 рудари од „Трепча“ се заглавени под земја

Путин ќе ја посети Република Српска, тврди Додик