Утрински Весник
Балкан

Вучиќ распали по РТС: Нема веќе оставки, полоши сте од N1!

Vucik.webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има повеќе оставки и дека надлежните органи ќе продолжат да си ја вршат својата работа.

Во гостување на РТС ја обвини таа телевизија дека работи штетна и опасна работа.

Тој оцени дека вештачењето за падот на бетонската настрешница  во Нови Сад е направено надреално брзо и дека вештачењата за вакви случаи во светот траеле многу подолго.

„Тоа што го кажува обвинителството не значи ништо додека судовите не кажат нешто. Во морална и политичка смисла луѓето се однесуваа крајно одговорно“.

Тој додаде дека за првпат во историјата на Србија оставки поднеле двајца министри, иако не е лесно да се поврзат со настрешница и дека тоа е доказ за напредокот на општеството и степенот на одговорност.

Тој вели дека нема право да се меша во работата на обвинителството, но ги истакнал пријателските односи со Горан Весиќ, а ги нарече вредни двајцата уапсени, поранешната директорка на инфраструктурата на српските железници Јелена Танасковиќ и помошникот министер за железнички превоз Анита Димоски, но дека обвинителството го кажало своето.

Вучиќ тврди дека апсењата не се извршени под притисок на демонстрантите.

„РТС како сестринска телевизија на ТВ Н1 и Нова е виновна за тоа, спомнавте во вестите три собири на кои имало по 45 присутни.ФПН, Филозофски, Савски мост и Нови Сад каде се собирале насилници имало вкупно од 180 луѓе и не предизвикуваат групи за притисок со сестрински телевизии на криминалец и немаат ефект да се создаде впечаток дека има вонредна состојба“, рече Вучиќ и постојано повторуваше дека РТС е најлоша од сите, пренесе Бета.

Можете да прочитате

БИХ треба да инвестира 6,8 милијарди долари за да се справи со последиците од климатските промени, според Светската банка

Вучиќ: Воопшто не се уплашивме од насилниците, нема да им ја дадеме Србија

Во Србија уапсен двоен убиец од Црна Гора, го барале со недели