Утрински Весник
Балкан

Вучиќ правеше палачинки и ги служеше војници во касарна

Vucuc.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи со ново соопштение од касарната „Поднаредник Момчило Гавриќ“ во Лозница, каде ќе престојува наредните шест до седум дена за време на посетата на регионот Подриње. Таму со локалното население ќе разговара за проектот Јадар и ископот на литиум.

Во попладневните часови, претседателот Вучиќ ги изненади војниците во касарната со тоа што за нив подготви и послужи палачинки.

„Се сеќавам на моите воени денови и на вечната желба да имам палачинки во мензата“, ја информираше јавноста Вучиќ.

Во видеото објавено на неговиот Инстаграм профил, придружено со драматична музика, претседателот Вучиќ се обидува да преврти палачинки во кујната на касарната, а потоа им ги подели на војниците.

„Сега е време да ја исполниме таа желба на нашите војници. Иако во моите стари тави секогаш успевав, овде не ми оди баш најдобро. Подобро да заминам и да им служам на војниците, тоа барем ми функционира. Момци, еве!“, додаде тој во објавата на Инстаграм.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил