Утрински Весник
Свет

Вучиќ потврди, ќе патува на самитот во Тирана: „Ако не одам, сигурно би имало штета за Србија“

Вучиќ го објави составот на новата српска влада
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска потврди дека патува за Тирана.

dobivaj vesti na viber

„Разговарав со Ана (премиерката Брнабиќ), со пријателите, немам проблем, не се работи за моја суета, десет и пол години се трудам секогаш да се грижам за сè. Понекогаш едноставно те преоптоваруваaт емоции, кога веќе не знаеш што да правиш, кога некој со месеци произведува кризи“, изјави Вучиќ за одењето во Тирана.

Како што додаде, сè што кажал било вистина.

„На патот ќе има многу добри работи за нашите граѓани. Тешко ми е кога станува збор за Косово и Метохија да го разберам тој јазик за двете страни, а ние ништо не сме направиле. Не сум сигурен, но дефинитивно ќе има некои придобивки од моето одење во Тирана. Ако не одам, сигурно ќе имаше голема штета за нашата земја“, рече тој.

Можете да прочитате

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта