Утрински Весник
Свет

Вучиќ по средбата со претставниците на Србите од Косово: Ситуацијата е тешка

(Видео) Вучиќ: „Белград е како Казабланка во последните недели“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска, по средбата во Белград со претставници на Србите од Косово, изјави дека ситуацијата на Косово е тешка и дека незадоволството и гневот на народот поради прекршувањето на договорот за регистарски таблички и сите други договори, како и секојдневните апсења Срби, ја достигнуваат својата кулминација.

dobivaj vesti na viber

„Ќе имаме подолго обраќање следната недела, на Величетврток или на Велипеток. Првин имав консултации и разговори со најважните претставници на Српската листа и нашите власти и претставници на институциите и властите од Косово. И разговаравме за сите проблеми и за безбедносната ситуација, која е тешка“, рече Вучиќ.

Тој рече дека неговата идеја била денеска да се договорат и да излезат со позиции, но тоа не било можно.

„Се повлеков и се договоривме да продолжиме да работиме заедно со сите наши тимови во следните седум дена за да излеземе со заедничка најава за сите настани што ни претстојат“, додаде Вучиќ.

„Важно е што разговаравме и на таа средба ќе имаме тимови, а на средбата ќе ги поканам премиерот и сите министри, која ќе биде во Рашка, и до тој состанок треба да се договориме за заедничка платформа“, изјави Вучиќ.

Можете да прочитате

Во Швајцарија денес референдум за предлогот за законско ограничување на населението на 10 милиони

Името на Доналд Трамп утрово е отстрането од „Центарот Кенеди“

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан