Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска објави видео во кое се гледа како напредува изградбата на „Белград на вода“, со порака дека Србија се соочува со многу предизвици, но дека обединети можат да се модернизираат и да ги надминат сите тешкотии.
„Кога го започнавме овој голем проект, малку луѓе беа со нас. Денеска сите се согласуваат дека Србија и Белград завршија одлична работа. Пред нас се многу предизвици, но заедно, обединети, ќе ја модернизираме Србија и ќе ги надминеме сите тешкотии“ – објави Вучиќ на Инстаграм.
Тој истакна дека е горд на Србија.
View this post on Instagram