Утрински Весник
Свет

Тинејџер обвинет за смртта на четворица мигранти во Ла Манш

Тинејџер обвинет за смртта на четворица мигранти во Ла Манш

19-годишно момче е обвинето за помагање на илегална имиграција, откако четворица мигранти ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Ла Манш. Гумениот чамец со кој патувале почнал да тоне.

dobivaj vesti na viber

Еден од четворицата загинати во трагедијата е тинејџер, соопштија регионалните власти. Британски рибарски брод успеал да спаси 39 мигранти, меѓу кои 12 деца.

Полицијата денеска соопшти дека осомничениот, идентификуван како Ибрахим Бах (19), без фиксна адреса, бил обвинет за помагање за нелегален влез во Обединетото кралство.

Тој ќе се појави на суд во понеделник во Фолкстоун, на југот на Англија, додаде полицијата.

Бродската несреќа се случи на околу една година по претходната бродска несреќа во која загинаа 27 мигранти обидувајќи се да стигнат до британските брегови.

Можете да прочитате

Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија – програмата прекината