Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Mу се молам на Бога Дачиќ да се опорави

Vucik.webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Астана изрази длабока загриженост за здравствената состојба на вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Првиот човек на српската полиција е хоспитализиран во Белград со тешко воспаление на двете белодробни крила и се наоѓа на респиратор.

Вучиќ потврди дека е во постојан контакт со министерот за здравство.


„Нема промени, состојбата е стабилна и тоа е добро од една страна, но очекувавме подобри и побрзи промени. Лекарите сè уште не можат со сигурност да ги утврдат причините, се плашиме дека има нешто друго што не можеме да го видиме“, изјави Вучиќ за српските медиуми во Астана.

„Му посакувам и му се молам на Бога да се опорави“, додаде Вучиќ, нагласувајќи ја сериозноста на моментот за српската влада.

Можете да прочитате

Здравствената состојба на Дачиќ е стабилна

Здравствената состојба на Дачиќ непроменета и засега стабилна

Бериша: Разрешувањата во владата  последен потег на Рама да си ја спаси сопствената кожа