Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Интензивното вооружување во регионот е директна закана за Србија

Vucik.webp.webp

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска предупреди на зголемување на вооружувањето и формирање воени сојузи во регионот, оценувајќи дека тоа претставува континуирана кампања насочена против Србија.

На отворањето на Амбасадорската конференција во Белград, Вучиќ оцени дека договорите за воена соработка меѓу Приштина, Тирана и Загреб имаат политички и безбедносни цели, а проширувањето на овие сојузи претставува сериозен предизвик за безбедноста на земјата. Тој додаде дека во разговорите со НАТО и ЕУ не добил конкретни одговори за овие прашања. Претседателот истакна дека испораките на оружје, вклучително хаубици од 105 милиметри, ја загрозуваат територијалната целовитост на Србија и безбедноста на цивилното население.

Тој оцени дека иако некои земји во регионот се членки на НАТО или се на евроатлантскиот пат, акциите против Србија продолжуваат постојано. Вучиќ нагласи дека зачувувањето на мирот и стабилноста ќе остане главен приоритет на државата и нејзината дипломатија. Тој изрази разочарување од односите со САД и од недоволната поддршка од Истокот и Европската Унија. На крајот, Вучиќ повтори дека Косово и Метохија се неотуѓив дел од Србија и побара амбасадорите да не отстапуваат од државната политика во ова прашање, истакнувајќи дека независноста на Косово не е признаена од Србија.

Можете да прочитате

Вучиќ: Од утре дизелот реално ќе чини 250 динари

Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји

Црна Гора привремено го затвора Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ