Утрински Весник
Балкан

Вучиќ и Орбан разговарале за енергетската безбедност и регионалната соработка

Vucik.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан ја разгледал актуелната состојба во областа на енергетската безбедност и дискутирал следни чекори за стабилизирање на ситуацијата.

„Исто така, ги разгледавме плановите за развој на регионални мрежи за транспорт, складирање и прием на енергија, имајќи го предвид приоритетното значење на стабилното снабдување со енергија за двете земји“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Претседателот изрази благодарност кон Унгарија и премиерот Орбан, нагласувајќи дека тие се „доверлив партнер на Србија во овие тешки времиња“. Вучиќ посочи дека со Орбан ја разгледале и позицијата на Србија на европскиот пат, како и геополитичката состојба, со посебен осврт на односите меѓу Украина, Русија и Европската унија.

Можете да прочитате

Грција ќе воведе плафон на профитната маржа на горивата и на производите во супермаркетите

 Дачиќ излезе од болница – 24info.mk

НАТО распореди „Патриот“ системи во Турција