Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Благодарност до Унгарија за складирањето на гас

Вучиќ: Благодарност до Унгарија за складирањето на гас

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија бележи највисока стапка на раст на трговската размена со Унгарија.

dobivaj vesti na viber

По средбата со унгарската претседателка Каталин Новак во Белград, Вучиќ изјави дека трговската соработка во периодот од јануари до јули изнесува 2,2 милијарди евра, што е за 935,1 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани.

Тој пред новинарите рече дека разговарале за енергетиката, инфраструктурното поврзување, како и за инвестициите во Војводина.

Според неговите зборови, соработката меѓу двете земји „станува неспоредлива, дури и во трговско-економска смисла со сите други земји“.

Вучиќ повтори дека односите меѓу Србија и Унгарија се на највисоко можно ниво во модерната политичка историја, како и дека соработката меѓу двете земји напредува во политиката, економијата и трговијата.

Вучиќ изрази благодарност до Унгарија што Србија ќе ја дочека зимата помирно затоа што Унгарија и дозволи на Србија да го користи нејзиното складиште на гас.

Можете да прочитате

Жена во Чешка прогласена за почината, а потоа се случило нешто неочекувано

Орбан: Војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме

Почина палестинскиот доктор чии девет деца беа убиени во израелски напад