Утрински Весник
Спорт

Втора победа за одбојкарите – Македонија максимална против Црна Гора

Втора победа за одбојкарите – Македонија максимална против Црна Гора

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Европското првенство. Во второто коло, во Ц-групата, Македонија ја победи Црна Гора со 3:0 (25:22, 25:18, 25:20).

dobivaj vesti na viber

Македонските одбојкари, со две победи од два натпревари, се пласираа во елиминациската фаза која ќе се игра во Бари. До крајот на Ц-групата, Македонија ќе игра против фаворитите Полска и Холандија и во последното коло против Чешка.

Избраниците на Јошко Миленковски, во текот на целиот натпревар ја имаа контролата и покрај тоа што се мачеа со лошиот прием.

На крајот во победата се издвоија капитенот Никола Ѓоргиев со 20 поени, Александар Љафтов со 14, Владо Милев со 9, Филип Савовски исто така со девет поени од кои шест освои со блок.

Фото/ Игор Паневски

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години