Утрински Весник
Економија

Втор најголем банкрот во историјата на САД: Пропадна банката Силиконска долина

Втор најголем банкрот во историјата на САД: Пропадна банката Силиконска долина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Банката Силиконската долина банкротира, што е втор најголем банкрот на некоја финансиска институција во историјата на САД. Парите на банката ѝ  се запленети откако штедачите, главно вработени во технолошката индустрија, почнаа да повлекуваат пари.

dobivaj vesti na viber

Имотот на банката Силиконската долина е запленет од американската Федерална корпорација за осигурување на депозити, јавува Си-Ен-Ен, кој пренесува дека банката на крајот на минатата година имала имот од 209 милијарди долари.

Две недели пред банкротот, извршниот директор на банката Грег Бекер, продаде 3,6 милиони долари од акциите на компанијата. Тој продаде 12.451 акција на матичната компанија SVB Financial Group на 27 февруари за прв пат по повеќе од една година.

Овој е најголем колапс на една американска финансиска институција во последните 15 години, по колапсот на банката Вашингтон мјутуал за време на финансиската криза во 2008 година.

Можете да прочитате

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители