Утрински Весник
Свет

Врховниот суд на САД го одби барањето за одложување на изрекувањето на казната на Трамп

Tramp4.jpg

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на сојузната држава Мисури за одложување на изрекувањето на казната на Доналд Трамп по пресудата на судот во Њујорк за плаќање пари на порно ѕвезда и ја потврди забраната за републиканскиот претседателски кандидат да го коментира случајот, до периодот по изборите на 5 ноември.

Одлуката на судиите доаѓа како одговор на тужбата поднесена од државата Мисури во која се тврди дека случајот против Трамп го нарушува уставното право на гласачите да ја слушнат неговата страна додека тој се обидува повторно да ја освои Белата куќа.

Државниот обвинител од Мисури, републиканец, Ендрју Бејли, поднесе тужба против државата Њујорк на 3 јули барајќи од Врховниот суд да го запре изрекувањето на казната за Трамп и да ја поништи пресудата на њујоршкиот судија Хуан Мерчан дека Трамп не може јавно да коментира за неговиот случај.

Одлуката на Врховниот суд не е потпишана. Конзервативните судии Кларенс Томас и Самуел Алито претходно посочија дека ќе водат сослушување за барањето на Мисури.

Трамп беше прогласен за виновен во мај за фалсификување деловни досиеја за да се прикрие уплата од 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред претседателските избори во САД во 2016 година во замена за нејзиното молчење за сексуалниот однос со Трамп.

Трамп, републиканскиот кандидат на овогодинешните избори, негираше дека имал секс со Даниелс и рече дека ќе поднесе жалба на пресудата по изрекувањето на казната закажано за септември.

Можете да прочитате

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани