Утрински Весник
Македонија

Времето утре сончево и топло, во понеделник благ пад на дневните температури

Сончево време со мала до умерена локална облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и благ пад на дневните температури.

Можете да прочитате

Му се заканувал на премиерот преку социјалните мрежи – ОЈО бара притвор

Постапка против 39-годишен маж од Черкези, во пораки преку социјални мрежи му се заканувал на Мицкоски

Производителите на пиперки денеска го блокираат патот Прилеп – Битола