Утрински Весник
Македонија

Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност, соопштија од УХМР

Sonce Zima 2.jpg

Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност, соопштија од УХМР.

Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од среда следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигнува 40°C. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено утре и во четврток кога ќе има услови за краткотрајно невреме.

Можете да прочитате

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка