Утрински Весник
Спорт

Времето на Анчелоти во Реал полека истекува

3739057 76071068 2560 1440.jpg
Dik 300x250 mk

Поранешниот шпански фудбалер и тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алосно, веројатно наредното лето ќе го преземе Реал Мадрид, пренесува познатиот германски новинар Флоријан Петерберг.

Поранешниот шпански репрезентативец и минатата сезона се поврзуваше со Реал, но се чини дека претстојното лето е идеално време за враќање во клубот во кој настапуваше на почетокот на минатата деценија.

И покрај тоа што само крајот на сезоната ќе даде појасна слика за резултатите на Анчелоти, убедливите порази од Барселона и Милан фрлија дамка врз се она што тој досега направи за Реал.

Интересно, по спектакуларната сезона во која со Баер ја освои двојната круна во Германија, оваа ниту на Алонсо не му оди најдобро. Во Бундес лигата со скор од четири победи, пет нерешени и еден пораз Баер има девет бода помалку од лидерот Баерн, а во Лигата на шампионите има две победи, реми и пораз.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони