Утрински Весник
Македонија

Времето денеска: Снег на планините, студ, ветер и дожд на пониските места

Облачно време со повремени врнежи од дожд

УХМР најавува променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје облачно и студено, претпладне со слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

И во среда времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од среда до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула.

Можете да прочитате

Скопјанец оштетил полициско возило па нападнал полицаец

Американската писателка Сара Пеканен доаѓа во Скопје на 25 април! 

Со „Б“ категорија да може да се возат мотоцикли до 125 кубика: ЗНАМ поднесе предлог-закон