Утрински Весник
Македонија

Времето денеска претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето в недела дождливо, на планините и снег

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на следната седмица, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

Вчера регистрирани 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

ВРЕДИ го честита Денот на Европа

Дали напаѓачот од Штип е високо професионален убиец? Еве што мисли професорот Хаџи Јанев