Утрински Весник
Македонија

Времето денес нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

dobivaj vesti na viber

Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Можете да прочитате

МЗ: Координација за проверка на тврдењата за можни непотребни медицински интервенци и спроведување итни надзори

Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен, активен еден крак од ловиштето кон езерото Козјак

Кривичен суд: Одложено судењето за предметот „Адитив“