Утрински Весник
Македонија

Времен сообраќаен режим на улицата Даме Груев и улицата Александар Урдаревски

Автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во рампа, повредени најмалку две лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ЈП Улици и патишта Скопје известува дека на ден 06.05.2023г.(сабота), поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот, односно машинско гребење на оштетениот асфалт, на улицата Даме Груев во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија, во периодот од 8ч. наутро до 15ч попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

dobivaj vesti na viber

Во текот на викендот ќе продолжат активностите за асфалтирање со прв слој асфалтна маса на улицата Александар Урдаревски, па времениот сообраќаен режим ќе важи за лентата што е во насока на движење од обиколницата кон крстосницата кај населено место Кучевишка бара.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена по една сообраќајна лента и на двете улици.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Можете да прочитате

Железницата повторно во нормала – 24info.mk

Утре променливо облачно со дожд и снег на планините

Патничко возило падна во реката Радика кај Бигорскиот манастир