Утрински Весник
Свет

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари

20250721161017 big 730x400 38.webp.webp
Dik 300x250 mk

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) минатата година достигна 700 милијарди јуани (околу 97,5 милијарди долари), со стабилен годишен раст од 20 отсто, покажува денеска објавениот извештај на Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ).

Кинеската ВИ алатка „Дип сик“ само 20 дена по објавувањето привлече повеќе од 30 милиони активни дневни корисници и го зазеде првото место на ранг-листите на најпопуларни апликации во 140 земји, пренесува „Глобал Тајмс“.


Според истиот извештај, Кина бележи сè поширока примена на технологијата за вештачка интелигенција, како во индустријата, така и меѓу корисниците. Во индустријата, кинеските компании за развој на вештачка интелигенција направија напредок во производството на модели со стотици милијарди параметри и мултимодални функции, кои сè повеќе се користат во образованието, дизајнот, канцелариската работа и креирањето содржини.

До јуни 2025 година, бројот на интернет-корисници во Кина достигна 1,123 милијарди, додека бројот на корисници во руралните области се зголеми на 322 милиони, се наведува на веб-страницата на кинескиот портал.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан