Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ со честитка за Велигден

Vlen.webp.webp
Dik 300x250 mk

Соопштение на коалицијата Вреди:

Почитувани православни и католички верници, ве молиме прифатете ги нашите најискрени честитки за големиот празник Велигден со желби и молитви за среќна прослава во вашето семејството, благосостојба, здравје, радост и среќа.


Овој викенд е посебен за православните и католичките верници ширум светот. Ова се денови на приближување еден до друг, но и на доверба меѓу нас. Како празник на воскресението и обновувањето, Велигден е симбол на жртва и надеж, на нови почетоци.

Во духот на овој благословен ден за овие верници на воскресението на животот и надежта, да размислиме дека без разлика на нашите религиозни убедувања, обединети сме во највисоките човечки вредности на хуманоста, пожртвуваноста, љубовта и солидарноста. На вас и на сите граѓани ви посакуваме добро здравје, мир и духовна удобност во овие празнични денови.

Како општество и како држава сме поминале низ тешки времиња, но на верските празници секогаш сме биле обединети и тоа ни докажа дека кога ќе се собереме, ја надминуваме секоја пречка, без разлика колку е голема. Затоа, денес се молиме и посакуваме повеќе добрина и повеќе љубов.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи